Стратегот на Вардар, Дејан Стојанов, е оптимистички расположен откако „црвено-црните“ го добија тимот на Камник од Словенија за противник на стартот од новата европска авантура.
„Добивме екипа со која може да се надеваме за второ коло. Во моментов немам конкретно инфо за составот на екипата од Словенија, но знам дека стануа збор за тим што во последните 4 години нема позначајни резултати во нивното домашно првенство. Ги очекувам денес или утре видео анализи за противникот па ќе имаме поконкретни информации за противникот. Начелно, имаме ривал по мерка за пласман во второ коло“, вели Стојанов за официјалната веб-страница на Вардар.
„Вардарци“ претрпеа пораз на првиот контролен натпревар на силниот турнир во Ниш, но тренерот на „црвено-црните“ потенцира дека акцент во моментов не се става на резултатите, туку на поставуваање на играта за наредната сезона.
„По шест месеци пауза и само со четири одработени тренинзи во сала, згора на тоа ослабени со неиграњето на првиот техничар, логично беше да се претрпи пораз на тој прв натпревар. Севкупно гледано сум задоволен што се бележеше напредок во играта од сет во сет. Денеска пред нас е уште еден меч, се надевам на многу подобра игра. Составот е нов и допрва ќе се увежбуваат посакуваните замисли од моја страна. Најважно сепак е да не служи здравје и без поголеми проблеми со повреди да влеземе во новата сезона“, истакнува стратегот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА