Александар Стојанов се врати во екипата на Беласица. Доскорашниот шеф на стручниот штаб на овој тим, сега се враќа, но во улога на координатор на младинската школа.
Пред неколку дена во Беласица се врати и Илија Матеничаров, кој ја доби функцијата на потпретседател на тимот.
На позицијата шеф на стручен штаб остана Благој Гуцев, кој што поднесе оставка во април, меѓутоа не беше прифатена од клубот. Беласица идната сезона ќе цели кон враќање во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА