Стојановиќ го објави списокот на ракометари за СП до 21 година

Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавија поширокиот список на ракометари за претстојното Светско првенство до 21 година кое ќе се игра ова лето во Полска.

Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе оддигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство.

На 08.05 е предвиден натпревар против младинската екипа на РК Бутел Скопје, а ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК Пролет 62.

Се вчитува...