Стручниот штаб и тренерот на машката младинска ракометна репрезентација Радослав Стојановиќ го објави списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари. Во рамки на ЕХФ националната недела нашата младинска репрезентација ќе оддигра пријателски средби против репрезентациите на Полска и Алжир.
Пријателските средби ќе бидат оддигра во полскиот град Олецко, а нашата младинска селекција на 13.03 ќе го оддигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Полска, а ден подоцна ќе оддигра уште една пријателска средба против селекцијата на Алжир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

