Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го скрати списокот на ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојното светско првенство што ќе се одржи во Полска.
„Црвено-жолтите“ ќе настапат во исклучително силен состав, со Иван Галевски како прва опција на голманската позиција, но и со ракометари кои сезонава имаат значајна минутажа во своите тимови во Супер-лигата. Тука се Петковски, Карасманакис и Дамјан Митев од Алкалоид, потоа браќата Узунчеви од Бутел, Стојановски и Димковски од Пролет…
На списокот на Стојановиќ се наоѓа само еден интернационалец, и тоа Борјан Дамјаноски од тимот на Грац во австрискиот шампионат.
Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

