Ракометарите на Охрид максимално подготвени го стартуваат плеј-офот во домашниот шампионат. По одличната есен и максималниот учинок во првата фаза од шампионатот, самодовербата е на големо ниво во таборот на охридскиот тим. Прв противник на охриѓани е екипата на Бутел.
„Очекувам израмнет шампионат. Сите екипи се засилија. Вардар и Пелистер се први фаворити за првите две позиции, а ние заедно со Металург, Пролет и Бутел ќе се бориме за останатите места кои водат во Европа. Одигравме одлично во првиот дел од шампионатот и се надевам дека тоа ќе продолжи и во плеј-офот. Очекувам до самиот крај да биде неизвесно, бидејќи сите сме израмнети тимови. Кога е во прашање првиот наш противник Бутел, досега откако сум тренер на Охрид, никогаш не сме ги добиле на гостински терен. Очекувам добар натпревар и се надевам дека на крајот ние ќе славиме“, вели Стојановиќ.
Натпреварот меѓу Бутел и Охрид е закажан за вечерва со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА