Станојевиќ поднесе оставка од Партизан по дебаклот од Црвена Звезда

Белградски Партизан остана без тренер, откако Александар Станојевиќ се реши да поднесе оставка по дебаклот од 0-4 на домашен терен од Црвена Звезда.

Вечерва раководството ќе расправа дали ќе биде прифатена, или ќе му се даде уште шанса да го води тимот, после слабиот старт, а за потсетување дека „црно-белите“ не се пласираа ниту во групната фаза на ниту едно клупско европско натпреварување.

Вчера Станојевиќ беше нападнат од страна на навивачите на Партизан и повреден, а после мечот на прес-конференцијата изјави:

„Тоа што ми порачаа да си заминам е во ред, сум си заминувал и кога сме биле во подобра ситуација, но тоа што ми велеа дека сум се продал, тоа не сум јас. Кому сум се продал? Тоа не е мој стил“, изјави Станојевиќ.

Станојевиќ ова лето потпиша тригодишен договор и рече дека до крај ќе го одработи. Останува да се види дали ќе му биде прифатена оставката.

Се вчитува...