Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години направи голем успех со пласманот во главната групна фаза на Светското првенство кое се игра во Хрватска.
По победите над Црна Гора и Грузија и тесниот пораз од Норвешка, избраниците на Раде Стојановиќ со голема самодоверба одат на мегдан на Данска и Австрија.
Селекторот на оваа генерација македонски ракометари вели дека иако биле аутсајдери одиграле одлично во групата и се надева дека и во главната фаза ќе продолжат со одличните игри.
„Успех за нас беше и секоја победа која не донесе во топ 16 светски ракометни репрезентации до 19години (У19). Задоволни сме со влезот во топ 16 и овој голем напредок на оваа генерација иако бевме аутсајдери во групата, кое се гледа од распоредот и 3-тото коло резервирано за фаворитите. Минатата година бевме Б дивизија оваа година сме помеѓу Топ 16 млади (до 19) репрезентаци што го потврдува напредокот. Сметам дека на претходните натпревари покажавме голема борбеност и добар ракомет, увидовме дека овој тип на натпреварувања (присуство на европски и светски првенства) е значаен за играчите да добијат искуство плус. Сонувавме за нешто повеќе и бевме многу блиску на натпреварот со Норвешка, и доколку тука имавме позитивен резултат можеби ќе бевме и скалило погоре. Сега без бодови во наредна група е потешко, лично за мене Данска е кандидат за еден од медалите, а играме прв натпревар со нив. Ќе пробаме на најдобар можен начин да ја повториме играта од натреварот со Норвешка. Ние до сега играме само со европски екипи таква ни беше ждрепката и на секој натпревар мора да бидеме на едно високо ниво. Голем успех на оваа генерација на нас како стручен штаб е тоа што за не повеќе од една година од Б дивизија се вративме во топ 16 репрезентации во светот, а таргет треба да ни биде наредното Европско првенство во Словенија, за тоа што тука добар пласман ни носи директно учество пак на светско и европско првенство. Голема благодарност до РФМ, до сите што дојдоа во Ријека да не подржат, и до сите инволвирани за овој успех“, изјави Стојановиќ за ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА