Во СОУ Јосип Броз Тито во Битола под покровителство на ФУСМ и во техничка организација на ППФМ се одржа државното првенство во пинг понг за средни училишта. На првенството учествуваа повеќе од 40 натпреварувачи од средните училишта од Македонија.
Кај средношколците првиот носител и фаворитот за првото место Дамјан Стојчев од Свети Николе беше поразен во полуфиналето од Даниел Зхоу Главевски ученик во гимназијата Ј.Б. Тито. Домашниот терен на Главевски се покажа како предност и за прв пат во меѓусебните дуели успеа да го совлада Стојчев со 3-0 (13-11; 11-8; 13-11) во крајно драматичен и неизвесен натпревар. Во другото полуфинале Теодор Волканоски со 3-1 славеше против Леонид Гошев.
Главевски и Волканоски во финалето го одиграа најдобриот натпревар на турнирот кај средношколците. Првите два сета му припаднаа на Волканоски со идентичен резултат со 11-9, за потоа Главевски понесен од спектакуларното навивање од неговите соученици, навивање кое ретко се гледа на пинг понгарските натпревари успева комплетно да се врати во натпреварот добивајќи ги третиот и четвртиот сет со резултат од 12-10. Кога се доби впечаток дека Главевски ќе направи комплетен пресврт, добро отворајќи го резултатот во петтиот решавачки сет, Волкановски беше подобро концентриран и играше без грешка за на крај да слави со 3-2, со што заслужено го освои златниот медал. Во натпреварот за третото место Стојчев беше подобар од Гошев со 3-0.
Кај средношколките пред почетокот три натпреварувачки беа фаворитки за златото, Ива Димитриевка, Ана Стојановска и Бојана Михајловска. На крајот на златото му се радуваше Ана Стојановкса која во финалето со 3-0 славеше против Бојана Михајловска. Михајловска и Димитриевска го одиграа најдолгиот натпревар на првеството. Во полуфиналето Михајловска со 3-2 славеше во натпреварот со Димитриевска. Во другото полуфинале Стојановска беше подобра од Добринка Сотирова. Во борбата за третото место Сотирова ја совлада Димитриевска.
ПЛАСМАН – Средношколци
1. Теодор Волканоски
2. Даниел Зхоу Главевски
3. Дамјан Стојчев
ПЛАСМАН – Средношколки
1. Ана Стојановска
2. Бојана Михајловска
3. Добринка Сотирова
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА