Стојановски: Чаир го победивме со тимска игра, тоа нека биде рецепт и против Вардар

Големата победа над лидерот Чаир значително ја крена атмосферата во таборот на Пелистер, па „зелено-белите“ засилено работат во изминатиот период, се со цел триумфално да ја завршат оваа 2024 година.

„Пелистерци“ ги очекува дуел со Вардар, потоа и пресметка со ТФТ, а јасна цел за овие два меча е – две победи и приближување до самиот врв на прволигашката табела.

„Тимската игра и колективната одбрана беше клучен фактор за да го победиме Чаир. Тоа е исклучително важна победа што ни ја врати самодовербата и очекувам уште подобри изданија во иднина.Никогаш не е пријатно кога екипата ќе се најде во криза, тоа се надминува само со напорна работа и дисциплина на тренинзите и ние го сторивме токму тоа. Внимававме на деталите кои ни беа слабост, корегиравме одредени работи во нашата игра и заслужено славевме против Чаир“, изјави Лука Стојановски.

Бекот на Пелистер не крие дека победата  е приоитет и против Вадар (сабота, 14 часот, сала СРЦ Кале), но порачува дека „црвено-црните“ никако не смеат да бидат потценети.

„Вардар е идеален противник за да споиме две победи. Квалитетот е на наша страна, но тоа не значи ништо ако нема максимално залагање. Вардар има млад и мотивиран тим, затоа не смее да биде потценет на саботниот натпревар“, порачува Стојановски.

Се вчитува...