Фудбалерите на Пелистер и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од денешната програма од 15. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
По мечот тренерот на битолчани, Милан Стојановски даде свое видување.
„Пред мечот реков дека Македонија ЃП е добра екипа, особено откако клубот се стабилизираше. Бевме добри во првото полувреме, имавме три зицери кои моравме да ги реализираме.
Класичен фудбалски пример, не ги искористивме шансите и стигна казната. Примивме гол од еден удар на противникот, а во прилог не ни одеше и лошиот терен. Повеќето првотимци се уморни од напорниот распоред, а немавме ни соодветни замени.
Не можам ништо да им замерам на играчите, се трудевме колку што можевме и одигравме солидно. Во второто полувреме можевме и да го загубиме мечот, среќа што тоа не се случи. Се фокусираме на последниот натпревар во есенскиот дел, иако жалам што денес не ги освоивме сите три бода“, рече Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

