Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски знае дека шампионот ќе има силна конкуренција, како во Јадранската лига, така и во домашното првенство, бидејќи доста клубови направи промени во составите. Нашиот репрезентативец е задоволен од подмладувањето во тимот и се надева дека младите имиња кои пристигнаа ова лето ќе имаат можност да се истакнат, и да помогнат на клубот да ги оствари очекувањата.
„Подготовките ги започнуваме со доста изменет состав. Засега најважно за нас се да подготвиме физички и полека да влегуваме во свој ритам. Оваа сезона не’ очекуваат многу тешки натпревари, како во АБА лигата, така и во домашното првенсто, бидејќи доста клубови направија измени во селекциите. Очекувам да имаме поголема конкуренција од минатата година. Клубот е доста изменет од кога последен пат ги бранев овие бои. Мило ми е што има доста млади играчи кои се надевам дека ќе имаат можност да се истакнат, и да помогнат да тимот да ги оствари очекувањата. Очекувам од овие талентирани кошаркари да бидат носители на МЗТ и репрезентацијата во иднина, бидејќи гледаме дека има недостиг на македонски играчи, а репрезентацијата пати подари тоа“, истакна Стојановски.
Дамјан Стојановски беше носител на играта на тимот на МЗТ Скопје, но ја пропушти целата ланска сезона поради повреда на коленото заработена на настап за македонскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА