Андреј Стојановски заврши на 5.место во денешното финале на 400 метри слободно, на првиот натпреварувачки ден на Олимписките игри за глуви што се одржуваат во Самсун, Турција. Македонскиот олимпиец трката ја заврши со време од 14:12.75 минути.
Златниот медал во оваа дисциплина го освои Јапонецот Фуџиара (3:57.90), на второто место заврши Португалецот Пиоро (4:02.71), а трет е Италијанецот Тамборино (4:02.73).
На Олимписките игри во Самсун, Андреј Стојановски ќе плива уште во две дисциплини. Утре му претстои трката на 400 метри мешано, а на 24 јули ќе плива на 1.500 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА