Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои 44. место од вкупно 49 пливачи во квалификациите на 50 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Стојановски делницата од 50 метри ја помина за време од 28.43 секунди со кое го освои деветтото место во третата квалификациска група. Ова време беше за цели 69 стотинки послабо од неговото пријавено време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА