Стојановски: Се надевам дека ќе имаме поддршка, против Унгарија на свој терен ќе дадеме 200%

Македонската кошаркарска репрезентација со последниот натпревар против Унгарија на домашен терен во СРЦ Кале на 20 август, ќе ја брка првата победа во претквалификациите за пласман на СП. После домашниот пораз од Романија и гостинските од Унгарија и од Романија, кошаркарите се подготвени да дадат се од себе да го остварат првиот триумф.

Еден од кошаркарите кој се повеќе ја стекнува довербата кај стручниот штаб е Лука Стојановски. Овој претквалификациски циклус, репрезентативниот бек го стартуваше со 20.минути на средбата со Романија во Куманово. Доби уште повеќе, 24, на гостувањето во Солнок против Унгарија, за на оној трет натпревар, со Романија, во Орадеа, кој го загубивме скоро слично како првиот, на домашен терен, Стојановски одигра „рекордни“ 35.минути.

„Резултатот на двете гостувања, поточно поразите, од кои еден со огромна разлика а друг со сличен резултат како на првиот натпревар во Куманово, за мене се причина и пример. Дека мора да има промена во пристапот кон младите играчи во нашата Прва лига, и дефинитивно мора да има повеќе натпревари од таков калибар во домашното првенство. Последниот натпревар што ќе се игра во Скопје, на 20.август, ќе го одиграме со 200%, без оглед на тоа дека немаме шанси за пласман во квалификациите за Светскиот Куп. Се надевам дека Македонија, поточно македонскиот народ ќе дојде да даде поддршка и ќе навива за црвено- жолтите бои. без разлика на тоа ова е последен меч од овој претквалификациски циклус кој го завршуваме сега и од кој научивме, се надевам, сите ние заедно кои сме дел од тимот, доста “ – вели Стојановски. 

Се вчитува...