Стојановски со нов младински рекорд на Македонија на 200 метри градно

На својот прв настап на Медитеранските игри македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои последното место во својата група во дисциплината 200 метри градно.
Стојановски делницата од 200 метри во базенот во Оран ја исплива за време од 2:22.42 минути со што постави нов младински рекорд на Македонија.
Стојановски кој е единствен македонски пливачки преставник во Оран го очекува уште трката на 50 метри грбно.

Се вчитува...