Фудбалерите на АП Брера утре на домашен терен ќе го пречекаат Шкупи во последниот меч на двата тима за оваа 2023 година како дел од 18. рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Струмичани на овој меч ќе ги предводи Ѓорѓе Стојчев откако клубот со се раздели со италијанскиот стратег Џовани Валенти на почетокот на оваа недела. Стојчев кој своевремно беше прв тренер на клубот вели дека тимот е подготвен и со помош на публиката се надева дека утре ќе се радува.
„После промената на Валенти на тренерската позиција во Брера, јас бев ангажиран да ја завршам последната недела од првенството и натпреварот против Шкупи. Фудбалерите максимално и посветено работеа на тренинзите. Сите играчи се мотивирани и подготвени за мечот. Посакуваме позитивен резултат против квалитетната екипа на Шкупи оти сме млада екипа во која има потенцијал и квалитет. Домашниот терен, публиката нека бидат голем поттик на целиот тим, па на крај да може да се радуваме сите заедно“, вели Стојчев.
Мечот е со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

