Стојчев и Димитриевска најдобри пингпонгари на Македонија до 21 година

Овој викенд се одржаа и последните турнири во пинг-понг за сезоната 2021/22 година. На 11.06.2022 се одржа петтото Државно првенство во категорија помлади од 21 година во Крива Паланка. На Првенството земаа учество околу 40 играчи, а пласманот е следниот:
машки:
1. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа, Штип
2. Нико Доага – ППК Крушево, Крушево
3. Теодор Волкановски – ППК Крушево, Крушево
3. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка, Крива Паланка
женски:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка, Крива Паланка
2. Сара Чипевска – ППК Зегин Берово, Берово
3. Бојана Михајловска – ППК Рисови, Скопје
3. Сара С. Стојановска – ППК Крива Паланка, Крива Паланка

Се изиграа и категориите во двојки и мешани двојки каде што во машка категорија победија браќата Стојчев Дамјан и Стојчев Лука од ППК Шампион Фа пред Теодор Волкановски и Нико Доага од ППК Крушево. Во женска конкуренција победија Бојана Михајловска и Ива Димитриевска од ППК Рисови пред Фани Јованска и Изабела Ковачовска од ППК Крушево и ППК Зегин Берово. Во мешани двојки победија Александар Јакимовски и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка пред Ива Димитриевска и Нико Доага од ППК Рисови и ППК Крушево.

На 12.06.2022 во Крива Паланка се изигра и последниот турнир за оваа година, а тоа беше Топ 8 турнирот во категорија У21 за мажи и жени со што се комплетираа резултатите на ранг табелата.

Во машка конкуренција пласманот е следниот:
1. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа, Штип
2. Теодор Волкановски – ППК Крушево, Крушево
3. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка, Крива Паланка

Во женска конкуренција пласманот е следниот:
1. Ива Димитриевска – ППК Рисови, Скопје
2. Бојана Михајловска – ППК Рисови, Скопје
3. Софија Хасану – ППК Крушево, Крушево

По завршувањето на сите домашни турнири нашите репрезентативци ги чека меѓународен предизвик. Нашата репрезентација ќе учествува на Европското Првенство во категорија У13 во Подгорица, Црна Гора од 16ти до 19 јуни, Балканско првенство во категорија У15 и У19 од 22ри до 26ти јуни во Албена, Бугарија, Европско Првенство во категории У15 и У19 во Белград, Србија од 6ти до 15ти јули и сениорското Европско Првенство во Минхен, Германија од 12ти до 17ти август.

Се вчитува...