Стојчевски: Брегалница не оди во Чаир со бело знаме!

Брегалница по победата над Работнички, по паузата поради репрезентативните активности, сега ја очекува нова тешка пресметка во Првата македонска фудбалска лига, овој пат на гостувањето во недела против Шкупи на Чаир.

Фудбалерот од средниот ред, Филип Стојчевски верува дека тимот може повторно да одигра квалитетен натпревар со желба за позитивен резултат.

„Не очекува исклучително тежок натпревар со екипата на Шкупи во недела. Но, натпреварот колку ќе биде тежок за нас, толку ќе биде и за нив бидејки ние веќе фативме добар ритам и после серијата лоши резултати, поврзавме два одлични натпревари со позитивни резултати. Сепак, со тие два добри натпревари ние не се задоволуваме, сите во тимот се ‘гладни’ за игра, докажување и резултати. Атмосферата во соблекувалната е одлична, здравствениот билтен ни е добар, немаме повреди и целиот ростер се бори за место во првиот тим. Во недела, во Скопје одиме максимално мотивирани, не излегуваме на терен со бело знаме и ќе дадеме се од себе да дојдеме до трите бодови. Комплетно сме посветени на нашата игра, ги коригираме и анулираме сите грешки кои ни се случуваа во минатото и целосно подготвени го очекуваме мечот во недела“ – вели Филип Стојчевски во изјава за официјалната интернет страница на Брегалница.

Се вчитува...