Македонија вечерва ремизираше на домашен терен против селекцијата на Летонија, меч на кој имавме повеќе од играта, но „црвено-жолтите“ не успеаја да ја крунисаат иницијативата со победнички погодок.
Андреј Стојчевски одигра квалитетно во одбранбеата линија, но нашиот дефанзивец не го криеше разочарувањето што Македонија не триумфираше на оваа средба. Воедно, Стојчевски не крие дека очекува добро издание и на гостувањето против Велс во последното квалификациско коло на кое мора да се оди на победа ако се сака да се стигне до второто место во групата.
„Секако, постои разочараност во нашиот табор затоа што не победивме вечерва, бидејќи на секој меч одиме на победа. Теренот е ист и за двете селекции така што не треба да служи како изговор…. Во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата. Атмосферата во националниот тим е добра и како што реков – одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека со три бода ќе се вратиме“, изјави Стојчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

