Андреј Стојчевски го имаше деби настапот во А селекцијата. Селекторот Благоја Милевски се реши да го „фрли во оган“ и да го стави како стартер против најсилната селекција во групата.
Стојчевски е среќен за дебито, и што овој негов прв настап завршил успешно со важен бод против силната Белгија.
„Ова беше мое деби за А селекцијата, сон на секој играч е да настапи за репрезентација. Прекрасен ден за мене и мојата фамилија. Преубаво чувство и сакам сите да можат да го искусат ова. Имавме доста шанси, можевме на крај да победиме. Но, потоа откако имавме негатива, на крај излезе добро за нас. Важен бод за нас, и сега останува да го потврдиме во Казахстан. Знаеме каква селекција е Белгија. Ни правеа проблеми, но ние одигравме на нашето ниво, дадовме максимум и успеавме да освоиме голем бод“, рече Стојчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

