Фудбалерите на Шкупи со триумфот од 2-1 (1-1) против казахстанскиот прволигаш Окжептес ставија крај на подготовките во Анталија.
Шкупи прв дојде до водство со голот на Јашароски во 33. минута, а Казахстанците сепак пред полувремето успеаја да израмнат со гол во 37. минута.
Во второто полувреме триумфот следеше со голот на Кристијан Стојкоски во 78. минута. Претходно можности за гол имаа и Јашароски, Илијоски, Асани.
Тренерот Ардијан Нухиу на дуелот против Окжептес настапи во следниот состав: Зендели, Малиќи, Бајрами, Љамчевски, Имери, Броја, Ндонг, Кривањева, Адем, Стојкоски и Јашароски. Во вториот дел играа и Илијоски, Шабани, Исмаили, Асани…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА