ЕКИПА во Атина,
Стеван Цаневски
Алкалоид пристигна во Атина, каде избраниците на Кире Лазаров утре со почеток во 18 часот (директен пренос на МТВ) ќе го играат првиот дуел од финалниот двомеч од ЕХФ Европскиот куп против АЕК.
Грците ќе ја имаат поддршката од домашната публика, но „сино-белите“ од скопска Автокоманда се решени повторно да покажат што знаат и да продолжат да испишуваат нови страници во клупската историја.
„Максимално ќе се подготвиме. Работиме напорно неделава за претстојните натпревари од финалето на ЕХФ Куп. Ќе одиме на победа на двата натпревари, како и секогаш. Сите знаеме што значи да се игра финале. Сакаме да го освоиме трофејот, тоа не е мала работа. Нормално е да има позитивен притисок, не се задоволуваме со тоа што стигнавме до финале, сакаме да го направиме и тој последен чекор. Ако играме сите максимално посветено и ангажирано, имаме шанса да оствариме позитивен резултат“, вели Марко Стојковиќ, пивотот кој ги надмина проблемите со повредата и ќе може да даде свој придонес на утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

