Стојковиќ емотивно: Поддршката многу ми значи…

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Марко Стојковиќ заслужува само пофалби за срцето и ангажманот во репрезентативниот дрес, уште повеќе ако се земе во предвид семејната трагедија што го погоди семејството Стојковиќ непосредно пред овој европски шампионат.

Таткото на Марко почина по долга и тешка болест петнаесетина дена пред почетокот на ова ЕП, но младиот пивот наоѓа сили за да го даде најдоброто од себе на секој натпревар.

„Голема благодарност до целата македонска јавност поддршката. Ние сме професионалци, приватниот живот го оставаме на страна. Сите треба да го испратиме ова Европско првенство на највисоко ниво. Имам голема поддршка од сите во тимот, што пак е дополнителна мотивација“, вели Стојковиќ за ЕКИПА.

Потоа, македонскиот репрезентативец од редовите на РК Алкалоид се осврна и на синоќешното реми со Португалија, како и на претстојниот дуел со Романија.

„Најважна беше вербата и дисциплината, да ги спроведеме насоките на теренот. Верувавме до самиот крај, одигравме борбено , Пред  Романија постои притисок, фокусирани сме и на двата моменти. Најважно е прво да дојдеме до победа, а потоа ако се отвори шанса да направиме добра разлика. Романија игра побавно од Данска и Португалија, не се технички добри, па тука ќе пробаме да го одржиме нашиот брз ритам и да дојдеме до триумф“, истакна Марко Стојковиќ.

Се вчитува...