Стојковиќ: Од ова СП ќе понесеме големо искуство

Младиот репрезентативец на Македонија, Марко Стојковиќ веднаш по натпреварот со Франција, го анализираше Светското првенство во кое Македониај запиша две победи, две ремија и два порази и го заврши на 15. место.

Стојковиќ рече дека Македонија можеше и со подобри резултати да го заврши Мундијалот, но дека ова е драгоцено искуство за понатаму.

„Мислам дека сите дадовме максимум, има голема разлика од оваа репрезентација и од другите. Има голем простор за напредок и сите работат максимално, и треба само да одиме нагоре. Големо искуство ќе понесам од тука. Има голема разлика од игрите во нашата лига и тука на Светското првенство. Можевме да постигнеме и подобри резултати, но во целина треба да бидеме задоволни“, рече Стојковиќ.

Се вчитува...