Србија загуби од Унгарија со 1-2 во Белград во еден од клучните натпревари за првото место во квалификациската група и пласман на ЕП 2024.
Два брзи гола на Унгарците во првото полувреме и пресудија на Србија и покрај тоа што имаше водство од 1-0 уште од 10. минута.
По мечот, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси нагласи дека сето тоа е дел од фудбалот и квалификациите уште траат и тие се уште си имаат свои шанси.
„Па добро, не е крај на светот. Помалку неочекуван пораз за нас кој мислам дека не го заслуживме но мора да го прифатиме. Унгарците буквално од два напади постигнаа два гола, но сето ова е дел од фудбалот. Има уште во квалификациите што да покажеме“ – истакна Стојковиќ по синоќешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА