Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од десет години се враќа на големите натпреварувања. Македонија од денеска па до 20. ноември ќе биде домаќин заедно со Словенија и Црна Гора на Европското првенство.
Македонија се најде во тешка група заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. „Црвено-жолтите“ девојки ќе имаат многу тешка задача да ја минат оваа група, но целта е да се земе скалпот на некој од фаворитите.
Репрезентативниот бек Симона Маџовска пред стартот на првенството вели дека таа и соиграчките одвај чекаат да почне шампионатот…
„Како се наближува почетокот на првиот натпревар, така се зголемува и возбудата и адреналинот кај нас. Самото пристугнување на другите репрезентации, но создава позитивна трема и возбуда, па затоа одвај чекаме да почне шампионатот. Голема чест и задоволство ни е да играме против една велесила како Франција, па затоа ние немаме што да изгубиме. Тие ќе нападнат и медал, опасноста доаѓа од сите страни. Малку бевме скептици бидејќи картите беа прилично скапи за наши услови, но верувам дека ќе имаме голема поддршка на мечевите во СЦ „Борис Трајковски“, изјави Стојковска.
Македонија шампионатот го почнува на 5. ноември со мечот против актуелниот олимписки шампион Франција. Два дена подоцна играме со Холандија, додека првата групна фаза ја завршуваме со мечот против Романија на 9. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА