Капитенот на македонската репрезентација Столе Димитриевски не можеше да го сокрие револтот кон главниот судија Микал Оченаш од Словачка, по крајот на пријателскиот натпревар со Чешка.
Оченаш беше директен „кројач“ на кралниот резултат со два смешно досудени пенали за Чесите од кој вториот во 97. минута за победа на домашните од 2-1, кои очигледно мораа да го добијат овој натпревар.
Па, Столе на крајот од дуелот поздравувајќи со Словакот му покажа кон амблемот на УЕФА кој го носи на својот дрес а преку кој е пренесена пораката „чест и праведност“. Очигледно Димитриевски сакаше да му испрати порака на Оченаш за срамното делење на правдата на денешниот дуел.
Жестока реакција имаше и од селекторот Боби Милевски, за начинот на судењето на еден пријателски натпревар. Затоа што со смешните одлуки низ сите 90 минути беше јасно дека соседот на Чесите очигледно повеќе ги водеше кон победата од што ја заслужија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА