Столе Димитриевски без примен гол на официјалното деби за Валенсија

Столе Димитриевски имаше успешно официјално деби на голот на Валенсија откако македонскиот репрезентативец бранеше успешно во текот на сите 90 минути на куп-мечот со Парла Ескуела.

Валенсија важеше за голем фаворит, но прволигашот не доминираше како што се очекуваше, постигнувајќи само еден гол со слободниот удар на Пепелу во првото полувреме. Тоа им овозможи на домаќините да останат во натпреварот до самиот крај, Парла имаше и одлична шанса од контранапад во второто полувреме, но токму Димитриевски со одлична интервенција не дозволи Валенсија да биде шокирана на ова гостување.

Како што најави тренерот Бараха, македонскиот голман ќе биде стандарден на голот на сите натпревари од Копа дел реј, додека Мамардашвили ќе остане прва опција на средбите од Примера дивизион.

Се вчитува...