Столе Димитриевски доби нов соиграч во Валенсија

Поранешниот напаѓач на Партизан и до неодамна напаѓач на Реал Сосиедад, Умар Садик стана нов фудбалер на Валенсија. Нигериецот утрово беше претставен на „Месталја“, само неколку часа по поразот на „лилјаците“ од Реал Мадрид.

На тој натпревар Валенсија имаше предност и играч повеќе до 85. минута, но загуби со 1-2. Клубот е во голема криза и резултатски и организациски, откако веќе извесно време траат протестите на навивачите против сопственикот на клубот.

Криза има и во однос на головите, бидејќи Уго Дуро со само пет постигнати голови досега е најдобар стрелец на тимот. Садик во Валенсија пристигна на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп во јуни по цена од 10.000.000 евра.

 

Се вчитува...