Maкедонскиот фудбалски репрезентативец и голман на шпанска Валенсија, Столе Димитриевски е еден од добитниците на „Ноемвриската награда“ која е највисоко признание на Општина Куманово.
Наградата, заедно со останаите лауерати, му беше доделена на денот на ослободувањето на Куманово, 11. ноември и тоа за посебни достигнувања и промоција на градот.
„Димитриевски има одиграно повеќе од 70 натпревари за македонската репрезентација, меѓу кои и на Европското првенство во 2021, каде што особено се истакна со своите маестрални одбрани“, гласеше најавата за Димитриевски на гала вечерта во Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА