Гимнастик Тарагона синоќа ремизираше без голови против Нумансија во 36. коло од шпанската Сегунда, благодарение на повторно одличниот на голот македонски репрезентативец Столе Димитриевски.
Шпанските медиуми уште еднаш го потенцираат Димитриевски како клучната фигура за Гимнастик во трката за опстанок во Втората лига. Гимнастик со седум бод од последните четири дуели веќе се одвојува од опасната зона, најавувајќи го опстанокот во лигата. А, македонскиот голман во последните четири натпревари дозволи само еден гол во својата мрежа…
Според комплетните статистички показатели изработени од шпанската Втора лига, Димитриевски е најдобриот голман во оваа конкуренција сезонава во Шпанија. Според статистиката, македонскиот репрезентативец е со најголем број одбрани во Сегунда вкупно 115 сезонава, притоа според прецизните податоци клучен за освоените 18 бода од вкупно 43 досега на Гимнастик во лигата.
За Димитриевски посебно импресивни се последните два месеси, односно седум натпревари. И покрај тоа што Гимнастик е една од најслабите екипи во лигата која се бори за избегнување на дното, во последните седум натпревари Димитриевски дозволи само четири погодоци во својата мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА