Столе Димитриевски го повреди рамото во најлош момент

Стиле Димитриевски е во исчекување на трансфер и заминување од Валенсија, но и тој процес сега нема да се одвива така брзо откако македонскиот репрезентативец заработи незгодна повреда на рамото.

Димитриевски настрадал за време на еден од последните тренинзи на Валенсија, жалејќи се на болка во пределот на левото рамо, поради што сега ќе мора да паузира извесен период.

„Голманот Столе Димитриевски заработи повреда на левото рамо. Интернационалниот голман ќе продолжи со медицински третман, физиотерапија и рехабилитација додека не се врати назад во тимот“, се вели во скромното соопштение објавено од Валенсија.

Останува во наредниот период да се види колку е сериозна повредата на Димитриевски ако се знае дека македонската репрезентација на почетокот од септември ги продолжува квалификациите за СП 2026, а добро познато е колку важна алка е одличниот голман во нашиот национален тим.

Се вчитува...