Вечерва беше одигран последниот натпревар од шпанската Ла Лига во рамки на 14-то коло, а Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано славеа убедлива победа од 3-1 на домашен терен против Мајорка.
Натпреварот го отвори Серхио Гвардиола во 16. минута, а експресно по само четири минути, Алваро Гарсија ја зголеми предноста на 2-0.
До крајот на мечот Ваљекано рутински ја завери оваа победа, а во листата на стрелци кај домаќините се запиша и Оскар Трехо во 63. минута, додека кај гостите Абдон Пратс постигна почесен гол во 89. минута.
По оваа победа Рајо се искачи на шестата позиција со 23 освоени поени, Мајорка остана на тринаесетото место со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА