Столе Димитриевски има понуда од тим што игра во ЛШ

Столе Димитриевски е видно несреќен во Валенсија, влегува во последните шест месеци од договорот со овој клуб, но големи се шансите дека Македонецот нема да чека до лето и веќе во јануари ќе ги смени клупските бои.

Валенсија е согласна да го продаде за минимална отштета, а како идеална опција за нашиот репрезентативец се споменува Бриж. Белгискиот гигант покажал сериозен интерес за Димитриевски, влегувајќи во преговори околу личните услови.

Мал проблем е што Столе повторно нема да биде прв голман до крајот на сезонава, но планот е ветеранот Мињоле (37 години) да брани како стартер во следните месеци, по што Димитриевски би ја имал улогата на прв чувар на мрежата од стартот на наредната сезона, поради што и ќе потпише договор на најмалку 18 месеци.

Се вчитува...