Столе Димитриевски ќе дебитира за Валенсија во Ла Лига

Столе Димитриевски кнечно ќе добие шанса да брани за Валенсија и во шпанската Ла Лига, откако македонскиот голман пристигна како големо засилување на „Месталја“, но ситуацијата му се промени по пресвртот во преговорите со Мамардашвили и останувањето на грузискиот чувар на мрежата во овој клуб.

Мамардашвили беше прв голман на Валенсија на сите средби во Ла Лига од стартот на сезонава, но Грузиецот заработи незгодна повреда на последниот дуел со Рајо Валјекано. Деталните прегледи покажале проблем со десната нога што нема да биде саниран брзо, Мамардашвили ќе почне со рехабилитација во клупскиот тренинг центар и дефинитивно нема да настапи на петочниот дуел со Валјадолид, што ќе биде шанса за Димитриевски да дебитира на голот на Валенсија во елитното шпанско фудбалско друштво.

Македонецот бранеше на двете средби во Копа дел реј на кои Валенсија стигна до рутински победи. Тој не крие дека сака да добие шанса и во Примера дивизион, а повредата на Мамардашвили ќе овозможи Димитриевски повторно да ги докаже своите квалитети во ова натпреварување, откако со години прикажуваше одлични игри во дресот на Рајо Валјекано.

Не се исклучува можноста Мамардашвили да биде „во аут“ до крајот на оваа календарска година, што би значело дека Столе покрај против Валјадолид, да биде на голот на Валенсија и на следните две средби во оваа 2024 година, гостувањето со Еспањол на 18 декември, домашниот меч со Алавес на 22 декември, а можеби и на презакажниот дуел со Реал Мадрид што ќе биде одигран на 2 јанаури 2025 година.

Се вчитува...