Столе Димитриевски наскоро се сели во Серија „А“!?

Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел вториот дел од сезоната да го мине во Италија, во Серија „А“. Согласно најавите, екипата на Џенова бара голман, а во потесниот круг влезе и чуварот на мрежата на македонската репрезентација.

Димитриевски би заминал како позајмен до крајот на сезоната, и би имал поголема минутажа отколку во Валенсија каде што е втор голман.

Неодамна Ливаковиќ беше поврзуван со трансфер во овој тим, меѓутоа Хрватот најверојатно ќе заврши меѓу диреците на Динамо Загреб, а сега главна „мета“ е Димитриевски. Овој трансфер ќе биде добродојден за голманот, кој ќе собере минутажа пред важните настапи за репрезентацијата и баражот против Данска, а потоа и гостување во Даблин или Прага на мегдан со Ирска или Чешка.

Во меѓувреме, првиот голман на Валенсија, Агирезабала се повреди, па Димитриевски би можел да добие шанса, и покрај тоа што не беше на клупата против Селта поради повреда на препоните.

Се вчитува...