Столе Димитриевски одбрани се што можеше да одбрани, но Реал во последниот половина час ја „скрши“ Валенсија (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфираше со 0-2 во 23. коло од Ла Лига на гостувањето против Валенсија, на чиј гол целиот натпревар беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Столе одбрани се што можеше да се одбрани против „кралевите“ но не можеше до спречи налетот на фаворитот во последниот половина час.

Димитриевски во 19. минута имаше одлична одбрана по шутот на Мбапе, а во 62. минута го спречи и Валверде да донесе водство за „кралевите“.

Но, во 65. минута не можеше ништо да направи пред Карерас кој од непосредна близина погоди за 0-2.

Valencia 0-(1) Real Madrid – Alvaro Carreras 65′
by
u/977x in
soccer

А, конечните 0-2 ги постави Мбапе со голот во првата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...