Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, ќе остане на голот на Валенсија до крајот на сезоната. Ова е јасно после операцијата на Хулен Агирезабала.
Агирезабала беше опериран после повредата на менискусот, и ќе паузира најмалку осум недели. Дел од медиумите во Шпанија прогнозираат дека за шпанскиот голман сезоната е завршена, односно дека ја заврши мисијата во Валенсија, и дека ќе се врати во Атлетик Билбао.
Димитриевски од пред некој натпревар застана меѓу диреците на Валенсија, и има подобри бројки од Агирезабала. Со него Валенсија има позитивен скор, и сега е пет бодови над опасната зона во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

