Столе Димитриевски прими седум гола од Атлетико Мадрид за 0-7 на Рајо пред своите навивачи (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано, по двете победи на стартот од сезоната, доживеа неверојатен дебакл во мечот со Атлетико Мадрид пред своите навивачи во 3. коло од Ла Лига.

Македонскиот голман Столе Димитриевски прими дури седум гола во поразот од 0-7 на Рајо од Атлетико.

Атлетико до водство дојде уште во 2. минута со голот на Антоан Гризман.

Веќе во 16. минута Депај зголеми на 0-2, а Молина во 36. минута уште пред полувремето донесе убедливи 0-3.

Во периодот од 73. до 86. минута следеа уште неверојатни четири гола во мрежата на Столе Димитриевски за срамен пораз на Рајо Ваљекано. Двапати Мората, Кореа и Љоренте беа стрелци на головите во второто полувреме.

Се вчитува...