Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски по обврските во националниот тим се врати во Шпанија, но во својот нов клуб, прволигашот Рајо Ваљекано. Тој вчера го одржа првиот тренинг во салата за кревање товар, а денеска и официјално е претставен како ново засилување на „црвените крила“.
„Имав неколку понуди ова лето, но мислам дека го направив вистинскиот избор. Рајо Ваљекано е клуб кој може да ме вивне во елитата на шпанскиот фудбал, и среќен сум што дојдов. Потпишав во последен момент, но од првата минута на тренинзите ќе се борам за да докажам дека заслужувам да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека заедно ќе имаме убави спортски моменти“, изјави Столе Димитриевски.
Спортскиот директор на Рајо Ваљекано, Давид Кобењо, истакна дека Димитриевски е одличен голман и клубот во ниту еден момент не се двоумел за негов ангажман.
„Димитриевски има неверојатна брзина во своите голмански реакции, игра одлично со нога и е стабилен во воздушните дуели“, изјави Кобењо за македонскиот репрезентативен голман.
?⚪?⚪Así lucen las nuevas incorporaciones del Rayo con las equipaciones. pic.twitter.com/f2skynXZQ9
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) September 11, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА