Столе Димитриевски се најде во топ 10 голмани на Европското првенство

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски заврши во топ 10 по бројот на одбрани на Европското првенство. Иако нашата репрезентација одигра само три натпревари, репрезентативниот голман се најде во топ 10 и покрај тоа што голем дел од имињата на оваа листа одиграа многу повеќе натпревари.

На врвот со 21 одбрана е Јан Зомер кој беше најголемиот виновник за одличниот резултат на Швајцарците на Еврошампионатот, а во топ пет уште се и Вард од Велс, Шмајхел од Данска, Турчинот Чакир и Пикфорд од Англија.

Столе Димитриевски турнирот го заврши со вкупно 14 интервенции.

Се вчитува...