Столе Димитриевски се повреди, нема да брани за Валенсија во Копа дел реј

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски ќе го пропушти крајот на 2025 година, поради повреда информираат од Валенсија.

Димитриевски беше прв голман во шпанскиот Куп, меѓутоа нема да застане меѓу стативите на вечерашниот меч против Спортинг Хихон.

Македонскиот чувар на мрежата вчера  го пропуштил тренингот поради мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на 2025 година.

„Лилјаците“ вечерва играат против Хихон во Купот, а три дена подоцна ќе се соочат против Мајорка во Ла Лига што ќе биде последен меч за нив во оваа 2025 година.

Се вчитува...