Столе Димитриевски со последните два натпревари без примен гол против Летонија и против Ерменија во Лигата на нациите, го поправи сопствениот рекорд на најдолга минутажа во националниот тим без примен гол во историјата.
Откако претходно беше несовладан и на дуелот со Ерменија во Скопје, на кој Македонија победи со 2-0, а претходно последниот негов примен гол во репрезентацијата беше во 9. минута на дуелот против Фарските острови во Торшавн, сега вкупната минутажа на Столе Димитриевски е 351 минута без гол во сопствената мрежа во националниот дрес.
Тоа е рекорд досега во историјата на македонските репрезентативни настапи. Претходната најдолга минутажа беше 326 минути, која исто така беше во сопственост на Димитриевски за време на квалификациите за СП 2018 и мечевите против Италија (1-1) и Лихтенштајн (4-0), а дополнета со пријателските натпревари со Норвешка (2-0), Финска (0-0) и Азербејџан (1-1).
Интересно, и третата најдолга минутажа во историјата на репрезентативниот фудбал е сопственост на Столе Димитриевски од 301 минута, во Лигата на нациите 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА