Столе Димитриевски доби зелено светло за настап за Рајо Валјекано на утрешното гостување против Атлетико Мадрид, откако македонскиот голман по вторпат го победи коронавирусот.
Македонецот беше позитивен при тестирањето на 27 декември, по што мина неколку дена во самоизолација. Во меѓувреме, тој доби два негативни теста, со што доби зелено светло за да се појави на денешниот тренинг на Рајо, закажан за 16 часот.
Мадридските медиуми објавија дека Рајо побара и добил дозвола од Ла Лига за зелено светло за настап на Димитриевски против Атлетико, што значи дека нашиот интернационалец ќе му застане на патот на актуелниот првак на Шпанија, во утрешниот дуел на „Вандра Метрополитано“. Покрај Димитриевски, тренерот на Рајо на располагање ќе го има и Оскар Трехо, кој исто како и Македонецот по двата добиени негативни теста доби зелено светло за настап против Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

