Столе Димитриевски вчера се приклучи на подготовките на неговиот тим Рајо Валјекано, а фоторепортерите ја „уловија“ и новата тетоважа на македонскиот репрезентативец.
Имено, на ногата на Димитриевски можеше да се забележи истетовирано логото на ЕВРО 2020, со бројот еден над него, како симбол на првиот настап на Столе на европските шампионати.
Тој беше еден од најистакнатите поединци во македонската репрезентација на европскиот шампионат, за што беше избран и меѓу најдобрите десет голмани на ЕВРО 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА