Заокружен е рекордот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а беше премногу блиску да ја продолжи серијата на „чиста репрезентативна мрежа“.
Но, погодокот на Велс во последните секунди од средбата значеше крај на серијата на Столе без примен гол која заврши со 711 минути (со оглед на фактот дека при статистичките пресметки не се земаат минутите од судиските продолженија на натпреварите), што е апсолутен рекорд на сите времиња во македонскиот репрезентативен фудбал!
И останатите два најдолги серии во репрезентативниот фудбал се сопственост на Димитриевски. Досега најдолга минутажа беше 326 минути, која исто така беше во сопственост на Димитриевски за време на квалификациите за СП 2018 и мечевите против Италија (1-1) и Лихтенштајн (4-0), а дополнета со пријателските натпревари со Норвешка (2-0), Финска (0-0) и Азербејџан (1-1).
Интересно, и третата најдолга минутажа во историјата на репрезентативниот фудбал е сопственост на Столе Димитриевски од 301 минута, во Лигата на нациите 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА