Столе двапати „матиран“ Вилјареал со полн плен против Валенсија (ВИДЕО)

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија не успеаја да направат изненадување на гостувањето кај одличниот сезонава Вилјареал каде загубија со 2-1 во последниот натпревар од денешната програма од 25. коло во шпанската Ла лига.

Гостите подобро го отворија натпреварот па поведоа со 0-1 со голот од пенал на Рамазани во 27. минута. Само четири минути подоцна Столе за првпат беше матиран откако Комесана стрелаше за 1-1. Во шестата минута од првото полувреме Вилјареал доби и пенал кој нашиот голман не успеа да го одбрани, а Гуеје прецизно стрелаше за 2-1.

Во второто полувреме мируваа мрежите за конечен триумф на домашниот тим.

Villarreal [2]-1 Valencia – Pape Gueye penalty 45'+6'
byu/Meladroit10 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...