Столе и Рајо ја отворија сезоната со победа во Ла лига (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано на одличен начин ја стартуваа новата сезон во шпанската Ла лига.

Во премиерниот меч во шпанскиот шампионат Рајо славеше на гостувањето кај Алмерија со 0-2. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме кога прво Палазон од пенал во 20. минута донесе водство од 0-1, додека исто така од пенал осум минути подоцна Нтека ги постави конечните 0-2.

 

Almeria 0 – [2] Rayo Vallecano – Randy Nteka 28' (Penalty)
byu/Previous-Success8007 insoccer

 

Се вчитува...