Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски и неговата Валенсија успешно ја минаа втората пречка во „Копа дел реј“ откако вечерва славеа на гостувањето кај нисколигашот Ехеа со 1-3.
Кордоба донесе водство за гостите од 0-1 во 49. минута, додека на 0-2 зголеми Гомез во 63. минута. Домаќините намалија на 1-2 преку Палмас во 71. минута, додека конечните 1-3 беа дело на Рафа Мир во 91. минута.
Столе Димитриевски се најде на голот на својот тим и ги одигра сите 90 минути.
📺 Así fue el gol de Dani Gómez #EjeaVCF#ADNVCF pic.twitter.com/Kc5658ck51
— Valencia CF (@valenciacf) December 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА